„Сепак, тие не се далеку од тоа“, предупреди Рафаел Гроси во интервју за францускиот весник „Монд“ неколку часа пред неговата посета на Техеран.
Според него, Иран има уште долг пат пред да успее да направи атомска бомба.
„Не е доволно да ѝ кажете на меѓународната заедница дека немате нуклеарно оружје за таа да ви поверува. Мора да можеме тоа и да го потврдиме“, посочи Гроси.
Директорот на МААЕ ќе разговара во Техеран со иранското раководство за иранската нуклеарна програма.
Иранската државна новинска агенција ИСНА објави дека Гроси ќе се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, а утре со директорот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами.