понеделник, 8 декември 2025

Додик: Уште едно сра*е од Сараево

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, се огласи откако Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина едногласно му го одзеде мандатот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Уште едно сра*е од Сараево. Последно“, кратко коментираше тој за одлуката на профилот на мрежата Икс.

Судот на БиХ го осуди Додик на една година затвор и забрана за вршење на оваа и други политички функции во земјата во следните шест години, за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Мандатот ќе му биде одземен по истекот на рокот за жалба.

Жалбата мора да се поднесе до Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина во рок од два дена од приемот на одлуката преку ЦИК на БиХ, во согласност со Изборниот закон на БиХ.

Потоа, се очекува да се распишат предвремени избори за претседател на ентитетот Република Српска во рок од 90 дена.

Редовните општи избори се планирани за октомври 2026 година.

Пресудата на Судот на БиХ му забранува на Додик да се кандидира за која било политичка функција додека не истече шестгодишната забрана. Тој претходно изјави дека нема да се повлече од функцијата претседател на РС и покрај правосилната пресуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ