недела, 1 јуни 2025

Чешка: За прв пат во историјата не сме зависни од руската нафта

Чешка стана целосно независна од руската нафта за прв пат во својата историја, соопштија денеска владини претставници, откако го зголемија капацитетот на Трансалпскиот гасовод (ТАЛ) кој носи нафта од запад.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првите зголемени залихи стигнаа преку гасоводот до централното складиште за нафта во Чешка, изјави премиерот Петр Фиала на денешната прес-конференција емитувана на чешката телевизија.

Чешката влада се обиде да стави крај на својата делумна зависност од нафтоводот Дружба, преку кој се транспортираше нафта од Русија речиси 60 години.

Кон крајот на минатата година, чешкиот оператор на нафтоводи МЕРО ја заврши надградбата долж ТАЛ, кој транспортира нафта од танкери во италијанскиот град Трст до Германија, каде што се поврзува со гасоводот ИКЛ до Чешка.

Надградбата на ТАЛ го зголеми капацитетот со кој располага Чешка на осум милиони тони годишно, што е доволно за годишните потреби на земјата.

Чешката компанија за рафинирање на нафта Орлен Унипетрол половина од својата сурова нафта ја набавуваше од Русија, а другата половина од ТАЛ.

Компанијата ги користи државните резерви за да ги одржи претходните нивоа на производство откако испораките преку Дружба беа прекинати во март, но се подготвува да ја користи исклучиво нафтата што ќе ја добие од ТАЛ по зголемувањето на капацитетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ