понеделник, 15 декември 2025

Бугарите добија одобрение за купување на моќен систем за воздушна одбрана

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на системот за крајбрежна противракетна одбрана (НОМАДС) и придружна опрема на Бугарија, во вредност од околу 620 милиони долари (околу 530 милиони евра), објави Пентагон.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Пентагон, објавено од Ројтерс, се наведува дека системот за противвоздушна одбрана ќе го обезбеди компанијата Конгсберг дифенс, која е водечки норвешки добавувач на одбранбени системи и е во сопственост на норвешката влада.

НОМАДС е мобилен систем за противвоздушна одбрана за распоредување поблиску до и на фронтовската линија, и се користи за одбрана од дронови и крстосувачки ракети.

Ракетниот систем ПВО НОМАДС се состои од модул за противвоздушна одбрана со краток дострел поставен на АЦСВ Г5 оклопно механизирано возило со висока подвижност надвор од патишта.

Овој модул ги интегрира клучните команди и управувачки функции и апликации од ракетниот систем за воздушна одбрана со среден дострел ПВО НАСАМС и вклучува ракета со пасивен ИЦ трагач од типот сајдвиндер или ИРИС-Т СЛС и AЕСА радар од типот Ксента-М.

Покрај тоа, опремен е со дневно-ноќна и термичка камера и ласерски мерач. Исто така опционално може да биде опремен и со радиофреквентен насочен попречувач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ