недела, 14 декември 2025

Австралија: Русија е агресор, на Украина ѝ испраќаме тенкови и воведуваме нови санкции

Австралиската влада соопшти дека испорачува тенкови M1A1 Абрамс во Украина како дел од пакетот од 245 милиони австралиски долари (160 милиони американски долари) за да ѝ помогне на земјата во одбраната од Русија.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Австралија е една од најголемите земји која не е членка на НАТО и доставува помош, муниција и одбранбена опрема откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Украина ги прими повеќето од 49-те тенкови обезбедени од Австралија, а останатите ќе бидат испорачани во наредните месеци, изјави министерот за одбрана Ричард Марлес.

„Тенковите M1A1 Абрамс ќе дадат значаен придонес во борбата на Украина против нелегалната и неморална инвазија на Русија“, рече Марлес.

Тенковите се дел од 1,5 милијарди австралиски долари (980 милиони американски долари) што Канбера ѝ ги обезбеди на Украина во конфликтот, соопшти владата.

Австралија исто така забрани извоз на алуминиум оксид и алуминиумски руди, вклучително и боксит, во Русија и воведе санкции кон околу илјада руски поединци и субјекти.

Австралиската лабуристичка влада од левиот центар оваа година ја нарече Русија агресор во конфликтот и повика на решавање на војната според условите на Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ