недела, 15 февруари 2026

Аксиос: Трамп и Нетанјаху разговараа за намалување на извозот на иранска нафта во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанок во Белата куќа се согласија дека Вашингтон ќе го намали извозот на иранска нафта во Кина, пренесе порталот Аксиос.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Порталот вчера цитираше двајца американски претставници, кои рекоа дека лидерите се согласиле да „извршат максимален притисок врз Иран, на пример, во врска со продажбата на иранска нафта на Кина“, пренесува Ројтерс.

Во Кина се извезуваат повеќе од 80 проценти од иранската нафта, секое намалување на таа трговија би значело помали приходи за Техеран.

Американските и иранските дипломати минатата недела во Оман одржаа разговори за нуклеарна програма преку посредници.

Трамп распореди флота во Арапското Море во последните недели за да го зголеми притисокот врз Техеран, а американската војска се подготвува за можни интервенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ