недела, 14 декември 2025

АФП: Путин го покани Зеленски на состанок во Москва

Според извори запознаени со телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, Путин го поканил Зеленски на состанок во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во разговорот, Путин предложил можна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва, како наводен обид за постигнување мир. Зеленски, според извори на АФП, го одбил предлогот.

Телефонскиот повик следел по серијата состаноци во Белата куќа меѓу Трамп, Зеленски и седум европски лидери.

Темите биле: безбедносни гаранции за Украина, постигнување билатерален состанок со Путин и потенцијален трилатерален состанок на кој би учествувал и Трамп.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц коментираше дека очекувањата од состанокот се надминати, додека британскиот премиер Кир Стармер го истакна единството на сојузниците и започнувањето на понатамошна соработка во рамки на „коалицијата на спремните“ за безбедносните гаранции за Украина. Финскиот претседател Александар Стаб нагласи дека заедничката цел на вечерта била да се спречи убивањето. Емануел Макрон уште еднаш ја истакна идејата европските сили да учествуваат во мировните операции во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ