понеделник, 15 декември 2025

50 мртви во пожар во трговски центар во Ирак (ВИДЕО)

50 лица загинаа во голем пожар во хипермаркет во источниот ирачки град Ал-Кут, објави државната новинска агенција ИНА, повикувајќи се на гувернерот на покраината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат пламен кој преку ноќ ја зафатил петкатната зграда во Ал-Кут, додека пожарникарите се борат да го локализираат пожарот.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди видеата.

Причината за пожарот засега не е позната, но гувернерот изјави дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа, објави ИНА.

„Покренавме тужби против сопствениците на зградата и трговскиот центар“, рече гувернерот, цитиран од ИНА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ