четврток, 29 мај 2025

Ватикан ја затвори Сикстинската капела, почнуваат подготовките за избор на нов папа

Сикстинската капела во Ватикан денес е затворена, а кардиналите се собраа за да изберат нов папа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Папата Франциско беше погребан во саботата во базиликата Света Марија Велика, а на плоштадот Свети Петар во Рим дента се собраа стотици илјади луѓе, како и значителен број светски лидери.

Сикстинската капела во моментов се подготвува за конклава, односно советот на кардиналите кои ќе изберат нов папа откако ќе заврши деветдневната жалост, а таа ќе почне меѓу 5 и 10 мај.

Туристите кои успеале да влезат во Сикстинската капела во неделата сметаат дека имале среќа, имајќи предвид дека не се знае колку ќе трае конклавата.

„Мислам дека бевме многу среќни што можевме да бидеме последната група посетители кои денес влегоа. Знаете, нашето патување немаше да биде целосно ако не го видевме ова преубаво место“, изјавил еден турист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ