„Операцијата траеше неколку месеци. Агентите на СБУ поставија експлозиви на потпорните столбови на оваа нелегална структура“, се вели во соопштението на Телеграм.
„И денеска, без цивилни жртви, првата експлозија беше активирана во 4 часот и 44 минути наутро“.
Подводните носечки столбови на мостот се сериозно оштетени на дното, откако, според соопштението, биле активирани 1.100 килограми експлозив, пренесува Киев Индипендент.
Активирањето на експлозивите, кое следеше по масовниот украински напад со беспилотни летала врз руската стратешка авијација на 1 јуни, беше лично надгледувано од шефот на СБУ, Васил Маљук.
СБУ провела нову унікальну спецоперацію і втретє вразила Кримський міст — цього разу під водою!
Операція тривала декілька місяців. Агенти СБУ замінували опори цього незаконного об’єкта.
➡️ https://t.co/Rf4fR7QDXk pic.twitter.com/wgsS4HoCbc
— СБ України (@ServiceSsu) June 3, 2025
Мостот претрпе значителни оштетувања за време на двата претходни украински напади во октомври 2022 година и јули 2023 година, иако ниту еден од нив не успеа да го стави вон употреба. Структурата има силна симболична вредност, бидејќи проектот вреден 4 милијарди долари беше политичка порака со која Русија се обиде да ја потврди својата нелегална анексија на Кримскиот полуостров.
Руското Министерство за одбрана претходно тврдеше дека три украински беспилотни летала биле соборени над Крим во текот на ноќта на 3 јуни.
Истиот ден, Кримскиот мост беше затворен за сообраќај помеѓу 6 и 9 часот наутро по локално време, според информациите на локалните канали. Телеграм каналот „Маш“ објави дека украинско беспилотно летало е соборено над мост, а неговите делови паднале на патот.