недела, 14 декември 2025

Украина тврди дека повторно освоила село од руските сили во северниот регион Суми

Украина денеска соопшти дека од руската армија повторно освоила погранично село во северниот дел на регионот Суми, во ретка успешна украинска операција против непријателот кој продолжува да напредува на истокот на земјата каде што се водат главните борби.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Украинските сили ја ослободија и целосно ја исчистија областа Безсаливка, во регионот Суми, од рускиот окупатор“, соопшти Генералштабот на украинската армија на мрежата Телеграм.

Ова село се наоѓа на самата граница меѓу Русија и Украина, дваесетина километри западно од главната зона на конфликт меѓу двете армии во таа област.

Русија започна офанзива во регионот Суми во април кога го заврши потиснувањето на украинските сили од рускиот регион Курск, чиј мал дел окупираа летото 2024 година.

Руските трупи се наоѓаат на околу дваесет километри од истоимениот регионален главен град Суми, кој беше цел на неколку смртоносни напади.

Сепак, главниот дел од борбите се одвиваат на истокот од земјата, каде што руската армија, која започна офанзива против Украина во февруари 2022 година, го забрза својот напредок во последните месеци против помалите и помалку опремени Украинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ