понеделник, 21 април 2025

Турската опозиција избра нов градоначалник на Истанбул

Градскиот совет на Истанбул, во кој мнозинството го има опозициската Републиканска народна партија, денес избра вршител на должноста градоначалник, објави телевизијата НТВ, откако градоначалникот Екрем Имамоглу беше затворен поради обвиненија за корупција кои тој и неговата партија ги негираат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатонеделното апсење на Имамоглу, најголемиот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ги предизвика најголемите антивладини протести во повеќе од десет години и доведе до масовни апсења откако стотици илјади луѓе излегоа на улиците во главно мирните протести низ земјата.

Градскиот совет со повеќе од 314 членови, каде мнозинството го има главната опозициска партија, го избра Нури Аслан да управува со Истанбул со 177 гласови. Вршителот на должноста ќе управува со градот до крајот на мандатот на Имамоглу додека тој го чека судењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ