недела, 14 декември 2025

Трамп: Пропаднатиот поранешен руски претседател сè уште мисли дека е претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе воведе царина од 25 проценти за индиската стока. Тој ја обвини земјата за претерано високи царини и блиски врски со Русија, прецизирајќи дека од 1 август ќе се воведе царина од 25 проценти на индискиот извоз, со дополнителни казни за купување руска нафта и оружје.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во моментов, основната царинска стапка на индиските производи извезени во САД е 10 проценти. Трамп ја опиша Индија како земја со „најнапорни и најнепријатни немонетарни трговски бариери од која било друга земја“. Наскоро се огласи за ова и на својата социјална мрежа Трут соушл.

„Не ме интересира што прави Индија со Русија. Според мене, тие можат заедно да ги уништат своите мртви економии. Соработувавме многу малку со Индија, нивните царини се превисоки, меѓу највисоките во светот.

Исто така, Русија и САД речиси и да не соработуваат. Нека остане така и кажете му на Медведев, пропаднатиот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека е сè уште претседател, да внимава што зборува. Влегува во многу опасна територија“, напиша Трамп.

Трамп во вторникот објави дека ќе воведе царини за Русија за 10 дена ако Кремљ не се согласи да ја запре војната дотогаш. Дмитриј Медведев, заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател, изрази незадоволство од објавата.

„Трамп ја игра играта на ултиматум со Русија: 50 дена или 10… Тој треба да запомни две работи: 1. Русија не е Израел, па дури ни Иран. 2. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не одете по патот на Поспаниот Џо“, напиша Медведев на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ