вторник, 5 август 2025

Трамп најави дека САД ќе испратат противвоздушни системи „патриот“ во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе испратат системи за противвоздушна одбрана „патриот“ во Украина за да помогнат во одговорот на руските напади.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе им ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни“, изјави Трамп, две недели откако Вашингтон објави дека ги суспендира испораките на оружје за Киев.

„Сè уште не сум одлучил колку, но ќе ги добијат бидејќи им е потребна заштита“, рече Трамп.

Според него, испораката на оружје ќе биде дел од договор во кој е вклучен НАТО, кој ќе им плати на САД за оружјето што ќе го испратат во Украина.

„Всушност, ќе им испратиме разни парчиња многу софистицирана воена опрема, а тие ќе ни платат 100 отсто за тоа“, им рече Трамп на новинарите.

Американскиот претседател повтори дека е „разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин.

„Путин навистина изненади многу луѓе. Зборува убаво, потоа бомбардира ноќе“, додаде Трамп.

Американскиот пратеник Кит Келог денеска треба да започне уште една посета на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ