понеделник, 15 декември 2025

Трамп: Изјавата на Макрон за признавањето на Палестина е неважна, нема тежина

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли како ирелевантна одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја признае државата Палестина во септември, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што го кажува е неважно. Тој е добро момче, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина“, изјави Трамп.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека земјата ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември.

Неговата одлука да ја признае државата Палестина предизвика мешани реакции во Франција и во светот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ја осуди одлуката на Макрон, нагласувајќи дека таа „поттикнува терор“.

„Најостро ја осудуваме одлуката на претседателот Макрон да признае палестинска држава веднаш до Тел Авив, по масакрот од 7 октомври. Таквата одлука го наградува теророт и ризикува создавање на уште еден ирански посредник, исто како што беше случајот со Газа“, рече Нетанјаху.

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ја поздрави денешната одлука како „победа за палестинската кауза“.

„Ова ја одразува посветеноста на Франција на поддршката на палестинскиот народ и неговите легитимни права на својата земја и татковина“, изјави Абас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ