сабота, 12 јули 2025

Трамп им порача на Израел и Хамас: Постигнете договор, вратете ги заложниците

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор со цел ослободување на заложниците земени за време на нападот на 7 октомври.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

На својата социјална мрежа Трут соушл, Трамп изјави: „Постигнете договор во Газа. Вратете ги заложниците“.

Соопштението дојде само неколку часа откако Трамп по втор пат ги повика израелските обвинители да ги отфрлат кривичните обвиненија против премиерот Бенјамин Нетанјаху. Како што наведе, Нетанјаху моментално е вклучен во преговори со Хамас што може да резултираат со ослободување на заложниците.

Според проценките на израелските безбедносни служби, се верува дека околу 20 заложници сѐ уште се живи. Во исто време, Хамас и другите милитантни фракции кои дејствуваат во Појасот Газа, наводно, ги држат телата на убиените заложници, што дополнително го отежнува преговарачкиот процес.

Разговорите меѓу Израел и Хамас постојано пропаѓаа, главно околу прашањето дали војната треба да заврши како дел од каков било договор за прекин на огнот.

Функционерот на Хамас, Махмуд Мердави, го обвини Нетанјаху за одложување на договорот и напиша на Телеграм дека Нетанјаху инсистира на привремен договор, со што би биле ослободени само 10 заложници.

Хамас тврди дека е подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за целосно повлекување на израелската армија и крај на војната, но Израел ја отфрла оваа понуда, тврдејќи дека ќе ја заврши војната само ако Хамас се предаде и се разоружа.

Војната предизвика хуманитарна катастрофа во Појасот Газа, раселувајќи го поголемиот дел од населението и уништувајќи голем дел од инфраструктурата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ