недела, 14 декември 2025

Трамп ги удвои царините за увоз од Индија, загрозувајќи илјадници производители и трговци

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, денеска ги удвои царините за увоз од Индија, кои сега изнесуваат 50 отсто, со што им зададе сериозен удар на односите меѓу Вашингтон и Њу Делхи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Казнени царини од 25 отсто беа воведени од Вашингтон за купување руска нафта, тие ги надополнуваат претходните царини од ист износ за многу увезени производи од Индија, како што се облека, скапоцени камења, накит, мебел и хемикалии, пренесува Ројтерс.

Новите царини им се закануваат на илјадници мали извозници и производители и се очекува да ѝ наштетат на најбрзо растечката економија во светот.

Берзите во Индија денес се затворени поради хиндуистички фестивал, а берзанските индекси вчера го забележаа најлошиот раст во последните три месеци, токму поради новите мерки на Вашингтон.

Официјален претставник на Министерството за трговија на Индија изјави дека извозниците погодени од царините ќе добијат финансиска помош и ќе можат да го пренасочат својот извоз кон пазарите во Кина, Латинска Америка и Блискиот Исток.

Ослободувањето од царина важи три недели за стока во транзит, како и за челик, алуминиум, бакар и нивните деривати.

Денешното воведување на царини уследи по пет рунди неуспешни преговори меѓу Вашингтон и Њу Делхи, за време на кои индиските власти се надеваа дека американските царини би можеле да бидат ограничени на 15 отсто.

Официјални лица од двете страни ги обвинија политичките погрешни пресметки за застојот на разговорите.

Трговската размена меѓу САД и Индија  изнесуваше 129 милијарди долари во 2024 година, со американски трговски дефицит од 45,8 милијарди долари, според Бирото за попис на САД.

Вашингтон тврди дека купувањето руска нафта од страна на Индија помага во финансирањето на војната во Украина и дека Њу Делхи, исто така, има корист од тоа, тврдење кое Индија го отфрли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ