четврток, 10 јули 2025

Трамп: Ако има конфликт со Северна Кореја, ние нема да бидеме вклучени во него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Белата куќа дека „ќе го реши конфликтот со Северна Кореја“, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Имав добри односи со Ким Џонг Ун и се сложувам навистина добро со него. Ќе видиме што ќе се случи. Некои велат дека постои можност за конфликт, мислам дека ќе го решиме тоа. Ако има, нема да бидеме вклучени во него“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Тој се осврна и на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. Тој изрази уверување дека може да се постигне примирје во рок од една недела. Истакна дека штотуку разговарал со луѓе вклучени во обидите за запирање на конфликтот меѓу Израел и Хамас во палестинската енклава.

Хамас вели дека е подготвен да ги ослободи преостанатите заложници во Газа како дел од каков било договор за завршување на војната, додека Израел инсистира дека војната може да заврши само ако Хамас се разоружа и се самораспушти. Хамас одбива да го предаде оружјето.

„Мислам дека сме блиску. Само што разговарав со некои од вклучените. Веруваме дека во следната недела ќе постигнеме примирје“, рече Трамп.

Израелскиот министер за стратешки прашања, Рон Дермер, планира да го посети Вашингтон во понеделник на разговори со претставници на администрацијата на Трамп за Газа, Иран и можна посета на Нетанјаху на Белата куќа, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ