сабота, 12 јули 2025

Терористички напад во Пакистан: Осум војници убиени, десетици повредени

Во експлозија во северозападен Пакистан загинаа најмалку осум војници, повеќе од 25 лица се повредени, вклучувајќи цивили, соопштија денеска локалните власти.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Бомбаш самоубиец нападнал воено возило во Северен Вазиристан, и покрај полицискиот час воведен во регионот за да се олесни движењето на војската, соопштија разузнавачите.

Во нападот беа ранети 25 војници и 10 цивили, меѓу кои и деца.

Официјалните лица не кажаа точно што ја предизвикало експлозијата или кој е одговорен за неа, но се сомневаат дека се работи за Талибанците и други вооружени групи распоредени на северозападот од земјата.

За време на полицискиот час, главните патишта кои водат до границата со Авганистан се затворени за сообраќај.

Насилството во западен Пакистан ескалираше откако Талибанците се вратија на власт во Кабул во летото 2021 година. Минатата година беше најсмртоносната во речиси една деценија. Според Центарот за безбедносни студии со седиште во Исламабад, загинале повеќе од 1.600 лица, од кои речиси половина биле војници и полицајци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ