Нападот во Команда, град во северозападниот дел на ДР Конго, се верува дека го извршиле бунтовниците на АДФ, група поврзана со исламистите познати како ИСИС. Жртвите биле убиени со куршуми од огнено оружје и мачети.
Покрај 38 загинати, властите велат дека 15 лица се повредени, неколку се водат како исчезнати.
Жан Като, службеник на градската власт, изјави дека верниците присуствувале на полноќна миса кога бунтовниците упаднале во црквата во раните утрински часови и започнале серија убиства.
Кристоф Мунјандеру, активист за човекови права кој бил на местото на злосторството во Команда, изјави дека по првите истрели луѓето мислеле дека се крадци.
„Бунтовниците претежно ги напаѓаа христијаните кои решија да ја поминат ноќта во католичка црква. За жал, тие беа убиени со мачети и куршуми“, рече Мунџандеру.
Мисијата на ОН за стабилизација (МОНУСКО) во Демократска Република Конго го осуди најновото избувнување на насилство во покраината каде што се случи нападот.
МОНУСКО беше основана во ДР Конго во 1999 година за да го надгледува мировниот процес по Втората конгоанска војна.






