четврток, 12 февруари 2026

Светска банка ѝ одобри кредит од 70 милиони евра на БиХ за обнова на патиштата

Светска банка одобри заем од 70 милиони евра за Босна и Херцеговина за да ѝ помогне на земјата да ја подобри состојбата на нејзините дотраени магистрални патишта, вклучувајќи ја и важната сообраќајница која го поврзува Мостар со северот на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што денес потврди канцеларијата на Светска банка во Сараево, извршниот одбор на банката го одобрил аранжманот за заем, кој вклучува реконструкција на околу 150 километри приоритетни магистрални патишта во согласност со највисоките стандарди за безбедност и отпорност. Проектот вклучува подобрување на безбедноста во сообраќајот преку реконструкција на раскрсницата Мостар-Север, оценета како една од најопасните сообраќајни точки во земјата.

Ќе се подобри и безбедноста на сообраќајот во зоните околу дваесет училишта. „Задоволни сме што ги поддржуваме напорите на БиХ за подобрување на патната инфраструктура на начин кој ја зголемува безбедноста, отпорноста и поврзаноста“, кажа Кристофер Шелдон, раководител на канцеларијата на Светска банка за БиХ и Црна Гора.

Покрај работите на патиштата, заемот ќе го финансира и планирањето и управувањето со патната мрежа, со цел да се обезбеди соодветно одржување на инфраструктурата и поефикасно користење на јавните средства на долг рок. Проектот вклучува и компонента за вонредни ситуации (Компонента за непредвиден одговор во итни случаи), што овозможува брзо пренасочување на средствата за поддршка на патниот сектор во случај на вонредни ситуации.

Проектот, кој треба да се реализира до 2032 година, ќе биде поддржан со неповратна донација од Европската Унија, која ќе издвои 8,5 милиони евра за него преку инвестициската рамка за Западен Балкан.

Босна и Херцеговина има особено лоша патна мрежа, а мерките преземени за нејзино подобрување се спроведуваат исклучително бавно. Клучниот автопат на коридорот 5ц се гради веќе 25 години, а не е завршена ниту половина од проектираната траса од 330 километри.

Главните патишта се лошо одржувани и полни со опасни места, па затоа на нив се евидентираат голем број сообраќајни несреќи. Според статистиката на ЕУ, просечно 47 лица загинале во сообраќај на милион жители во земјите-членки на Унијата, а повеќе од 70 во БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ