Акцијата наречена „Тур де Стразбур“ е организирана со цел директно да им се пренесе на европските институции загриженоста за состојбата со човековите права и недостатокот на реакција од надлежните органи во Србија по трагичните настани од ноември минатата година.
Stigli su junaci 🇷🇸💪🙏😍
Serbian Students have arrived at Strasbourg !!! pic.twitter.com/bhPOSomB9y— ViralWhisperer (@maxsan47) April 15, 2025
Студентите тргнаа на 3 април од Нови Сад, а рутата ги однесе преку Суботица, Будимпешта, Братислава, Виена, Линц, Минхен, Аугсбург, Улм и Штутгарт, со емотивен пречек од српската дијаспора и поддршка од граѓаните во секој град.
Тие пристигнаа во Стразбур пред планираниот рок, каде беа пречекани од мноштво граѓани, претставници на српската заедница од Франција, како и поддржувачи од други европски земји.
After biking 1300 km trough Europe Serbian students reached final destination, Strasbourg. It’s time for justice. 🚴🚴🚴🚴🚴 pic.twitter.com/UgYZbjeB3u
— Katarinathegreat (@katarinatheG) April 15, 2025
Повод за оваа акција беше трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога поради уривање на настрешницата загинаа 16 млади лица. Настанот предизвика бран протести и блокади на повеќе од 60 факултети во Србија, при што студентите истакнаа четири клучни барања, вклучително и утврдување одговорност за трагедијата и разоткривање на корупцијата во јавните работи.
Целта на велосипедската тура беше да се достават извештаи и писма до институциите на Советот на Европа и Европската унија, вклучително и Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Европскиот парламент и Европската комисија, со цел да се алармира меѓународната заедница за, како што тврдат, сериозни прекршувања на човековите и уставните права во Србија.
1,400 km by bike to defend democracy. And tonight, they made it. 80 Serbian students arrived in Strasbourg after cycling from Novi Sad to denounce corruption and democratic decline in their country.
Their message is loud and clear. And our ears — and hearts — are with them.
The… pic.twitter.com/hgv4DlTg2r— European Democrats (@democrats_eu) April 15, 2025
Студентите порачаа дека со овој потфат сакаат да покажат истрајност и посветеност во борбата за поправедно општество и дека ниту далечината ниту пречките нема да им го стиши гласот. „Сакаме нашиот глас да се слушне низ целиот свет и да покажеме единство во залагањето за нашите права“, нагласија организаторите.
Оваа акција привлече големо внимание кај европската јавност и медиуми, а српската дијаспора во Виена ги пречека студентите „како олимписки шампиони“. Во Стразбур во тек се последните подготовки за нивниот официјален прием во европските институции, каде што ќе ги достават своите извештаи и барања.