четврток, 1 мај 2025

Србија протерува хрватски државјани

Хрватскиот амбасадор во Србија Хидо Бишчевиќ изјави дека во последните три дена добиле известување за протерување на тројца хрватски државјани од Србија. Меѓу нив и шефот на претставништвото на Хрватската стопанска комора, кој со години живее во Србија, пренесува Индекс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа особено загрижува бидејќи станува збор за претставник на една од службените институции на Република Хрватска. Тие не се единствените, во последните три месеци имаше десетина такви случаи и таа зачестеност особено загрижува. Кој се бави со оваа работа знае дека државата домаќин го задржува правото во вакви случаи да не дава објаснувања, меѓутоа ние денес или утре ќе испратиме остра протестна нота до министерството за надворешни работи на Србија и ќе бараме објаснување“, кажа Бишчевиќ.

Тој додаде дека сите наведени хрватски државјани се протерани бидејќи се сметаат за опасност за безбедноста на Србија.

„Притоа се протеруваат на една година па не е сосема јасно дали и по тој период и понатаму ќе бидат опасни за безбедноста на Србија“, вели тој.

„Неформално се забележува дека станува збор за луѓе кои на социјалните мрежи им дале поддршка на студентите во Србија, иако Хрватска покажува изразена воздржаност за да не дадеме повод за некакви толкувања дека се мешаме во внатрешните работи на Србија. Дури и пред протестот на 15 март во Белград ги повикавме нашите граѓани со големо внимание да доаѓаат во Србија, само ако мора да дојдат поради итни обврски. Без оглед на тоа, Хрватска е демократска земја. Ние не можеме на нашите граѓани да им забраниме да го изразат своето мислење. Сепак живеат во демократска држава“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ