Водачот на земјата Ким Џонг Ун, бесен поради неуспешното лансирање во мај, нареди итни поправки на воениот брод. Најмалку четири функционери – тројца од бродоградилиштето и еден висок воен функционер – биле уапсени по инцидентот.
Државните медиуми сега тврдат дека бродот е целосно обновен, но експертите го доведуваат во прашање квалитетот на поправките со оглед на тоа колку брзо повторно e спуштен во вода.
Според извештајот на новинската агенција КЦНА, Ким Џонг Ун и неговата ќерка Ким Џу Аје лично присуствувале на церемонијата на лансирање во вторник во пристаништето Раџин на северот на земјата.
❗North Korean leader Kim Jong-Un officiates the relaunching of the new warship that was partially sunk during its launch in May.
Mr. Jong-Un promised to build more warships and deploy them to the Pacific Ocean https://t.co/MWar34gWiX pic.twitter.com/sQnBokH4nu
— Wolf Brief (@wolfbrief_) June 13, 2025
Објавени се и фотографии од настанот. Воениот брод е еден од двата нови разорувачи што Северна Кореја ги изгради во изминатите година дена и ги спушти во вода од април. Тие се најголемите бродови што Пјонгјанг моментално ги има во својата флота и теоретски се способни да лансираат нуклеарно оружје.
VIDEO: Korean Central Television (KCTV) broadcasted footage of North Korean leader Kim Jong Un attending a destroyer launch ceremony at Rajin Shipyard alongside his daughter. The warship was reportedly “fully restored” after capsizing last month.https://t.co/CDdOuwQUAs pic.twitter.com/5AVjpUHPtk
— NK NEWS (@nknewsorg) June 13, 2025
Ким разви амбициозен план за изградба на нуклеарно вооружена морнарица и најави изградба на уште два вакви разорувачи во следната година. Разорувачот е именуван Канг Кон, по севернокорејскиот генерал кој загина за време на Корејската војна. Сателитските снимки во последните недели покажуваа превртен брод на пристаништето, потоа како е преместен на поправки, повторно вратен во вода и конечно закотвен на брегот.
КЦНА соопшти дека Ким за време на настанот рекол дека почетниот неуспех не ја забавил модернизацијата на војската.
„Непријателите наскоро ќе почувствуваат колку е провокативно и непријатно да се гледа како непријателски бродови слободно крстарат по работ на суверените води“, изјави Ким, цитиран од државната агенција.