четврток, 12 февруари 2026

Сараево: Трамвај излета од шини, едно лице загина

Едно лице загина, а повеќе лица се повредени во тешката несреќа што денес се случи во Сараево, кога градски трамвај излета од шините и заврши на една од најпрометните сообраќајници, пишува Н1 БиХ.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Едно лице загина при излетување на трамвај од шините во центарот на Сараево, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Кантонот Сараево, пренесува Н1 Сараево.

„Две лица се повредени, според моменталните податоци. Известен е обвинител. Полициски службеници се на терен“, соопштија од МВР на Кантонот Сараево.

Репортерката на Н1 Сараево од местото на настанот наведува дека на терен се екипи на Итната помош, пожарникари и полиција.

Несреќата се случила околу пладне, кога трамвајот излетал од шините, ја пробил заштитната ограда и пролизгал десетина метри по коловозот, при што неговиот преден дел бил целосно уништен. Загинала жена што трамвајот ја приклештил, а пожарникарите морале да ја сечат оштетената конструкција на возилото за да стигнат до нејзиното тело.

Станува збор за еден од старите трамваи од чешко производство, кои постепено се повлекуваат од сообраќај откако минатата година започна нивната замена со нови возила од швајцарскиот производител Штадлер. Владата на Сараевската жупанија досега набави 25 нови трамваи, но дел од старите, купени пред повеќе од 40 години, и натаму се во употреба.

Ова е прво такво излетување од шините. Трамвајскиот сообраќај во Сараево има долга традиција. Воспоставен е уште во 1885 година, кога трамваите ги влечеле коњи. Електрични трамваи по сараевските улици сообраќаат од 1895 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ