вторник, 15 јули 2025

Русија: Донесовме 1.212 тела на договорената локација за размена, Украинците не дојдоа

Украина неочекувано ја одложи размената на воени заробеници и телата на убиените војници до понатамошно известување, објави претставникот на Кремљ, Владимир Медински.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Русија и Украина во понеделник во Истанбул одржаа втора рунда мировни преговори. Таму договорија нова размена на воени заробеници, со акцент на најмладите и најтешко повредените и враќање на телата на 12.000 загинати.

„На 6 јуни Русија, строго почитувајќи ги договорите од Истанбул, започна хуманитарна операција за предавање на телата на повеќе од шест илјади загинати украински војници, како и размена на повредени и тешко болни затвореници и оние помлади од 25 години“, напиша Медински на апликацијата Телеграм.

Тој тврди дека 1.212 тела на убиени Украинци се наоѓаат во ладилници на местото на размена. Тој наведува дека Русија, исто така, ѝ предала на Украина список на првите 640 затвореници од категоријата „повредени, болни и млади“ со цел да започне размената.

„Контакт групата на руското Министерство за одбрана се наоѓа на границата со Украина“, продолжи Медински, додавајќи дека таму нема украински преговарачи. Петро Јаценко од Координативниот штаб на Украина за воени заробеници вели дека размената е одложена за следната недела.

Медински го повика Киев строго да се придржува кон распоредот и договорот и веднаш да продолжи со размената. „Ние сме на локација. Целосно сме подготвени да работиме. Меѓународните телевизиски станици, новинските агенции и дописниците се добредојдени да дојдат и сами да се уверат дека е така“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ