Протестите наречени „Хендс оф“- (Рацете подалеку) ќе им дадат можност на противниците на Трамп да го изразат своето незадоволство од надворешната и внатрешната политика на Трамп на САД, наведува агенцијата.
„Ова е огромен протест кој испраќа многу јасна порака до Маск, Трамп, републиканските конгресмени и сите сојузници на движењето Направете ја Америка повторно голема (МАГА) дека не ги сакаме нивните раце во нашата демократија, заедници, училишта, пријатели и соседи“, изјави Езра Левин, ко-основач на Индивизибл, една од групите кои ги организираат настаните овој викенд.
Белата куќа не одговори на барањето за коментар. Според податоците од веб-страницата на настанот, околу 150 активистички групи се пријавени за учество. Планирани се протести во сите 50 држави, како и во Канада, Британија, Франција, Германија, Мексико и Португалија.
Најголемите собири се очекуваат на Националниот плоштад во Вашингтон.
Групите кои се противат на обновената воена акција на Израел во Газа и задушувањето на протестите во кампусот од страна на администрацијата на Трамп, исто така, ќе учествуваат на протестите во Вашингтон, соопштија организаторите.