Претседателот на САД Доналд Трамп веднаш реагираше, нарекувајќи го Мамдани „комунистички лудак“ и велејќи: „Ако ова е иднината на демократите, тогаш тие ја немаат“. Потпретседателот Џеј Ди Венс иронично му честиташе на „новиот лидер на Демократската партија“, а републиканскиот Национален комитет го нарече „антисемитски социјалистички радикал“ и го поврза со умерените демократи од предградијата, сугерирајќи дека сите тие ќе платат политичка цена за тоа.
Стивен Милер, заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, отиде чекор понатаму: „Никој не споменува дека радикален анархосоцијалист за градоначалник на Њујорк е овозможен преку неконтролираната миграција. Демократите ја менуваат политиката менувајќи ги гласачите“, напиша тој на Икс.
The commentary about NYC Democrats nominating an anarchist-socialist for Mayor omits one point: how unchecked migration fundamentally remade the NYC electorate. Democrats change politics by changing voters. That’s how you turn a city that defined US dominance into what it is now.
— Stephen Miller (@StephenM) June 25, 2025
Републиканската претставничка Елиз Стефаник, која планира да ја предизвика Кети Хочул на изборите за гувернер на Њујорк, рече дека демократите се „во целосна паника“. Мајк Лолер, конгресмен од Њујорк, рече „демократите ќе платат за ова лудило на изборите“.
Уште поостар напад дојде од републиканскиот претставник Енди Оглс од Тенеси, кој повика на Мамдани да му биде одземено американското државјанство и да биде депортиран. Тој, на Икс, го нарече „малиот Мухамед“ и „антисемитски социјалист кој ќе го уништи Њујорк“ и испрати формално барање до Министерството за правда на САД да испита дали Мамдани го добил своето државјанство „преку лаги и прикривање на поддршката за тероризам“.
Zohran “little muhammad” Mamdani is an antisemitic, socialist, communist who will destroy the great City of New York. He needs to be DEPORTED. Which is why I am calling for him to be subject to denaturalization proceedings.
Attached is my letter to @AGPamBondi. pic.twitter.com/RWCZm67VOr
— Rep. Andy Ogles (@RepOgles) June 26, 2025
Радикалната десничарка и теоретичарка на заговор Марџори Тејлор Грин објави илустрација од Статуата на слободата целосно покриена со хиџаб.
This hits hard. pic.twitter.com/YUrNTZW5lq
— Marjorie Taylor Greene 🇺🇸 (@mtgreenee) June 25, 2025
Младите републиканци од Њујорк исто така ја повикаа Белата куќа да му го одземе државјанството на Мамдани и да го депортира, повикувајќи се на „Законот за борба против комунизмот“, и во објава ги повикаа Стивен Милер и Трамповиот советник за граници, Том Хоман: „Време е да се дејствува. Њујорк смета на вас“.
Победата на Мамдани исто така ја потресе бизнис елитата – Њујорк тајмс објави дека финансиските лидери, вклучувајќи ги Даниел Лоеб, Бил Акман и извршниот директор на „Ситадел“, Кен Грифин, се сретнале со градоначалникот Ерик Адамс за да разговараат како да се спречи политичкиот подем на Мамдани.
Кампањата на Мамдани беше моделирана според онаа на Окасио-Кортез во 2018 година – базирана на работа во заедницата, користење на преференцијално гласање и со пораки за достапен живот во градот. И покрај тоа што имаше значително помалку ресурси од Куомо, тој доминираше во работничките населби во Бронкс и Квинс, како и меѓу младите гласачи во Бруклин и Менхетен.
„Неговата победа покажува дека работничката политика не може да се купи“, рече Окасио-Кортез. Организацијата „Наша револуција“ соопшти дека мобилизирала повеќе од 60.000 поддржувачи за Мамдани, а нејзиниот директор, Џозеф Гиваргезе, рече: „Ова е референдум за иднината на Демократската партија и предупредување до корпоративното крило“.
Но реакциите во Демократската партија беа поделени. Уредничкиот одбор на Њујорк тајмс ја нарече неговата програма „заводлива, но несериозна“, а Вашингтон пост, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, предупреди дека тој би можел да го врати Њујорк во „мрачните денови на дисфункција“. Корпоративната струја на демократите се плаши од подемот на младиот социјалист.
За време на кампањата, Мамдани беше цел на бројни напади поради своите ставови за Израел и Газа. Куомо го обвини дека „не сака да го посети Израел“, додека Мамдани одговори дека како градоначалник ќе остане во Њујорк и ќе се фокусира на потребите на неговите жители. Мамдани претходно јасно стави до знаење дека го признава правото на Израел да постои, но дека неговите политики ја поддржуваат еднаквоста и правдата за сите народи.
Во својот победнички говор во вторник, тој рече: „Оваа трка беше историски жестока. Се надевам дека сега ќе можете да ме запознаете каков што сум, а не како што ме прикажуваа во телевизиските реклами.“
И покрај поразот, Куомо останува во трката како независен кандидат. Тој за Си-би-ес њуз изјави дека размислува за продолжување на кампањата. Си-ен-ен вчера објави дека Куомо е решен да остане на гласачкото ливче како независен кандидат, што значи дека изборната драма само што започнува.