Владимир Путин го нарече обезбедувањето на интересите на луѓето кои ја сметаат Русија за своја татковина една од целите на „специјалната воена операција“, според исечок што не се појавил во филмот „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“, кој новинарот Павел Зарубин го објави на својот Телеграм канал.
„Обезбедување на интересите на нашиот народ на оние територии за кои постојано зборуваме – каде што живеат луѓе кои го сметаат рускиот јазик за свој мајчин јазик и кои ја сметаат Русија за своја татковина“, нагласи претседателот на Русија.
Според него, еден од резултатите на „специјалната операција“, како што сѐ уште ја нарекува војната меѓу Русија и Украина, треба да биде елиминирање на причините што „доведоа до криза“.
„Создавање услови за долгорочен одржлив мир и обезбедување на безбедноста на руската држава“, прецизираше Путин.
Премиерата на документарниот филм на Саида Медведева и Павел Зарубин „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“ се одржа на 4 мај на телевизискиот канал Русија.