недела, 14 декември 2025

Путин разговараше со Нетанјаху за територијалниот интегритет на Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за територијалниот интегритет на Сирија за време на разговорите одржани денеска со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот меѓу двајцата лидери следеше по насилството во јужна Сирија, што предизвика израелска интервенција.

Израел овој месец изврши воздушни напади врз Дамаск и покраината Свеида, населена од Друзи, тврдејќи дека ја поддржува заедницата и ги зајакнува нејзините барања за демилитаризација на јужна Сирија.

„Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“, соопшти Кремљ.

Рускиот лидер додаде дека политичката стабилност во земјата мора да се постигне со почитување на „интересите на сите верски и етнички групи“.

Исто така, Путин во разговорот со Нетанјаху понудил да посредува во преговорите за иранската нуклеарна програма.

Русија, близок сојузник на долгогодишниот сириски владетел Башар ал-Асад, кој наводно избегал во Москва со своето семејство откако бил соборен од власт во декември, сè уште одржува две воени бази во земјата.

Русија е исто така блиска со Иран, со кој ги зајакна воените врски за време на офанзивата на Кремљ во Украина.

Сепак, Москва се стреми да одржува добри односи со Израел, каде што живее голема заедница на луѓе со руско потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ