четврток, 1 мај 2025

Путин прогласи велигденско примирје (ВИДЕО)

Претседателот Владимир Путин прогласи велигденско примирје, соопшти Кремљ. Тоа стапува на сила денеска во 18 часот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на руската држава нареди прекин на сите борбени операции за време на велигденското примирје, пренесува РИА.

„Врз основа на хуманитарни причини… руската страна објавува велигденско примирје. Наредувам прекин на сите воени активности во овој период“, му рекол Путин на својот воен началник Валери Герасимов на состанокот во Кремљ.

Прекинот на огнот ќе трае до полноќ, од недела до понеделник. Руските вооружени сили треба да бидат подготвени да одговорат на можни прекршувања и провокации од страна на непријателот, прецизираше претседателот.

Текот на прекинот на огнот ќе ја покаже подготвеноста и способноста на режимот во Киев да го реши прашањето по мирен пат, нагласи Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ