Шредер, социјалдемократ кој управуваше со Германија во коалиција со Зелените од 1998 до 2005, е во добри односи со Путин. Тој беше член на управата на руски државни енергетски компании откако замина од канцеларската позиција.
Како канцелар, Шредер го промовираше Северен тек 1, а како претседател на управата на Северен тек 2, подружницата на рускиот државен енергетски џин Газпром, ја промовираше изградбата на новиот гасовод.
Одговарајќи на прашањето за тоа дека Шредер бил маргинализиран на официјалните настани за да не биде во ист кадар со германскиот канцелар Олаф Шолц, Путин истакна дека целиот канадски парламент му ракоплескаше на 98-годишноиот украински нацист Јарослав Хунка.
„А за да ме слушнат во Германија, ќе се обидам тоа да го кажам дури на германски: колку подалеку од Шредер, толку поблиску од Антони Рота (претседателот на канадскиот парламент), кој симпатизира нацисти. Во Германија има многу пристојни луѓе. И сигурен сум дека ова многумина ќе го слушнат“, кажа Путин на германски.
Путин овациите за украинскиот нацист ги нарече скандалозен настан. „Неодамна гледавме скандалозен настан во канадскиот парламент, каде му ракоплескаа на нацист“, истакна тој.
Хунка во септември 2023, за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, седеше во галеријата на долниот дом на канадскиот парламент кога Рота покажа на него порачувајќи дека човекот е украински и канадски херој и дека сите му благодарат за неговата воена служба.