недела, 14 декември 2025

Путин и претставникот на Трамп разговараа три часа во Кремљ (ВИДЕО)

Клучниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф беше „корисен и конструктивен“, соопшти денеска помошникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Виткоф разговараше со Путин во Кремљ околу три часа, два дена пред крајниот рок што американскиот претседател Доналд Трамп ѝ го даде на Москва да постигне договор со Украина или да се соочи со нови санкции од САД.

Ушаков за рускиот медиум Звезда изјави дека двете страни разговарале за војната во Украина и за можностите за подобрување на американско-руските односи.

Тој додаде дека Москва добила одредени „сигнали“ од Трамп и одговорила на нив. Американскиот претседател претходно се закани со санкции против Русија кои ќе вклучуваат „секундарни царини“ против нејзините трговски партнери како Кина и Индија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ