сабота, 12 јули 2025

Протести во Тајланд, граѓаните бараат оставка од премиерката

Стотици демонстранти се собраа во Бангкок на протест барајќи оставка од тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра, во време на зголемени тензии во односите со соседна Камбоџа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Шинаватра се соочува со зголемено незадоволство во Тајланд поради неодамнешниот граничен спор со Камбоџа, каде што на 28 мај во престрелка беше убиен еден војник.

Негодувањето на граѓаните беше зголемено од телефонскиот разговор што протече на социјалните мрежи, во кој Шинаватра му порачува на претседателот на камбоџанскиот Сенат, Хун Сен, да не „го слуша противникот во Тајланд“.

Демонстрантите носеа знамиња и транспаренти и блокираа делови од улици во центарот на Бангкок, некои од водачите на протестите се членови на групата Жолти кошули, која е лојална на тајландската монархија.

Активностите и протестите на оваа група доведоа до воени удари во 2006 и 2014 година, кога беа соборени тогашните лидери на Тајланд.

Хун Сен денеска положи заклетва дека ќе го заштити територијалниот интегритет на земјата и го осуди нападот на границата во мај, за кој вели дека бил нелегален.

Помеѓу овие две земји постои долга историја на територијални спорови, која датира од 1962 година, кога со пресуда на Меѓународниот суд на правдата ѝ беше доделена спорната територија на Камбоџа.

Паетонгтарн Шинаватра моментално е под истрага на Уставниот суд и Националната агенција за борба против корупцијата, што би можело да доведе и до нејзино отстранување од функцијата, додека таа тврди дека не е загрижена за ништо од ова.

Судовите во Тајланд се сметаат за столб на заштита на монархискиот систем, а земјата покажува бруталност против политичките противници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ