сабота, 3 мај 2025

Пекинг: Кина ќе ја игнорира американската игра со царински броеви

Кина ќе ја игнорира американската „игра со царински броеви“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Пекинг, откако Белата куќа соопшти дека Кина се соочува со царини од 245 отсто.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп пред две недели одлучи да воведе зголемени царини за сите земји. Тој наскоро ги повлече овие „реципрочни царини“ против неколку десетици земји, но не и против Кина.

Пекинг одговори со зголемување на царините за американски стоки и поднесување жалба до Светската трговска организација (СТО), изразувајќи „сериозна загриженост“ за американските царини и обвинувајќи го Вашингтон за кршење на правилата на СТО.

Вашингтон соопшти дека Трамп е подготвен да склучи трговски договор со Кина, но дека Пекинг мора да го направи првиот чекор.

„На Кина ѝ се потребни нашите пари“, изјави Трамп, пренесе Ројтерс.

Белата куќа вчера објави дека Кина се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД како резултат на нејзините одмазднички мерки.

Ова вклучува реципрочна царина од 125 отсто, царина од 20 отсто за справување со кризата со фентанил и од Дел 301 за специјални стоки меѓу 7,5 и 100 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ