четврток, 12 февруари 2026

Орбан му испрати порака на Зеленски: „Претседателе, ние ги поставуваме условите“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека земјите членки ги поставуваат условите за влез на нови земји во Европската Унија, а не земјите кандидатки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателе, вие сте на погрешен пат. Пристапувањето кон ЕУ е процес базиран на заслуги. Земјите-членки ги поставуваат условите, а не земјите-кандидатки“, кажа Орбан во соопштение упатено до Володимир Зеленски.

Зеленски претходно изјави дека „важно е Украина да направи сè за да биде технички подготвена за пристапување во ЕУ до 2027 година. Барем главните чекори ќе ги исполниме“. Тој додаде дека Украина „сака точен датум“ бидејќи, ако го нема, Русија ќе ја искористи таа ситуација.

Во друга објава Орбан кажа дека верува оти пристапувањето на Украина кон Европа би довело до војна.

„Зеленски отворено бара членство во ЕУ до 2027 година и го третира тоа како гаранција за воена безбедност, додека украинските воени лидери испраќаат остри закани до Унгарија. Пристапувањето на Украина кон ЕУ нема да донесе мир, туку војна во Европа“, истакна Орбан.

„Унгарија нема да финансира, вооружува или легитимира закана за сопствената безбедност“, порача унгарскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ