недела, 4 мај 2025

ОН: Речиси 13.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната

Обединетите нации проценуваат дека околу 13.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина, изјави во вторникот пред Советот за безбедност координаторот на ОН за итна помош Том Флечер. Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (ОХХР), во Украина се потврдени најмалку 12.910 смртни случаи на цивили, вклучувајќи 682 деца.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Речиси 30.700 цивили биле повредени помеѓу 24 февруари 2022 година и 31 март 2025 година. Само од крајот на февруари до крајот на март биле убиени повеќе од 170 цивили.

Флечер додаде дека вистинските бројки веројатно ќе бидат многу поголеми.

„Не само што не се залагаме одлучно за меѓународното право, туку во некои случаи го поддржуваме неговото прекршување“, рече Флечер.

Флечер нагласи дека меѓународното право се прекршува и во други конфликти ширум светот.

„Тоа е заедничка нишка што ги поврзува овие конфликти, и ако вашите принципи важат само за вашите противници, тогаш тоа не се хуманитарни принципи“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ