среда, 9 јули 2025

Одеса гори: Брутален напад со беспилотни летала (ВИДЕО)

Русија го нападна градот Одеса на југот на Украина во текот на ноќта. Две лица загинаа, 14 се ранети, соопшти Украинската државна служба за вонредни состојби.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Нападот предизвикал пожар во станбена зграда со 21 кат, кој се проширил на седмиот, осмиот и деветтиот кат, пренесува Укринформ.

Во нападот загинаа две лица, брачна двојка, изјави гувернерот на областа Одеса, Олех Кипер. Службите за итни случаи ги извлекоа нивните тела од погодениот облакодер. Повредени се уште најмалку 14 цивили, меѓу кои и три деца.

Покрај станбената зграда, оштетени се и административна зграда, друга цивилна инфраструктура и неколку возила.

Пожарите беа изгаснати со интервенција на Државната служба за вонредни ситуации.

Полицијата и специјализираните служби продолжуваат да работат на терен, собирајќи докази, испрашувајќи граѓани, пружаат психолошка поддршка и обезбедувајќи ред и безбедност.

Во активностите беа ангажирани 66 полицајци. Истрагата за точниот број на жртви и обемот на штетата е во тек.

Одеса, пристанишен град на брегот на Црното Море на Украина со население од околу еден милион, е често цел на руски напади од почетокот на војната.

Руските ракетни и беспилотни напади врз украинските градови драматично се зголемија во мај и јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ