сабота, 12 јули 2025

Од Јемен истрелана ракета кон Израел (ФОТО)

Израелската војска (ИДФ) денеска соопшти дека ракета лансирана од Јемен кон израелска територија „најверојатно била успешно пресретната“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Предупредувајќи за можните последици, израелските власти ѝ се заканија на бунтовничката група Хути со поморска и воздушна блокада доколку продолжат нивните напади, пренесува Ројтерс.

Повеќето од десетиците ракети и беспилотни летала што Хутите ги лансираа досега се пресретнати или не стигнале до својата цел.

Израел возврати со серија воздушни напади врз цели во Јемен.

Нападот е дел од континуираната кампања на Хутите кои се блиски со Иран и кои вршат напади врз Израел и бродови во Црвеното Море од октомври 2023 година, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ