понеделник, 14 јули 2025

Ново истражување: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави побрзо од која било друга земја

Кина ги зголемува своите залихи од нуклеарни боеви глави побрзо од која било друга земја, додавајќи 100 нуклеарни бомби годишно во својот арсенал, според неодамнешен извештај, кој проценува дека Кина сега има најмалку 600 нуклеарни боеви глави, објавува денес Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со сегашната стапка на зголемување, Кина би можела да има 1.500 нуклеарни боеви глави до 2035 година. Тоа е приближно толку боеви глави колку што Русија и САД моментално имаат заедно – спремни за употреба.

Стотици објекти за интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ), ракети со долг дострел што се користат за носење нуклеарно оружје, се градат во пустинските полиња на северна Кина. Три планински области во источна Кина веќе имаат оперативни силоси за ИЦБМ, се тврди во извештајот.

Се верува дека Кина има 24 нуклеарни боеви глави веќе монтирани на ракети или во бази со оперативни сили, што значи дека би можеле да бидат распоредени во многу краток рок.

Кинескиот претседател Си Џинпинг го зголеми нуклеарниот арсенал на земјата побрзо од кој било друг кинески лидер. Претходните лидери, како Денг Сјаопинг, тврдеа дека на Кина ѝ се потребни само скромни резерви за да дејствуваат како средство за одвраќање на потенцијалните противници.

Портпаролот на министерството за надворешни работи, Гуо Џиакун, одбил да го коментира извештајот, но кажал: „Кина отсекогаш се придржувала до стратегијата за нуклеарна самоодбрана, секогаш ги одржувала своите нуклеарни сили на минималното ниво потребно за националната безбедност и не учествувала во трка во вооружување“.

Нуклеарните капацитети на Кина се од особена важност за Тајван, одметнатиот остров кој Кина го смета за дел од својата територија. Пекинг објави дека е решен да го обедини Тајван со Кина, на сила доколку е потребно.

Кинеските научници тврдат дека поседувањето моќно средство за одвраќање, како што е нуклеарното оружје, би можело да спречи која било трета страна да интервенира во конфликтот.

Минатата година, Соединетите Американски Држави одобрија нова нуклеарна стратегија насочена кон заканата од Кина.

Авторите на извештајот забележале дека секоја година се демонтираат сè помалку боеви глави, додека темпото на распоредување на ново нуклеарно оружје се забрзува.

Ханс Кристенсен, виш соработник во Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), кој е автор на извештајот, изјави: „Ерата на глобално нуклеарно разоружување, која трае од крајот на Студената војна, се ближи кон крајот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ