вторник, 15 јули 2025

Новиот јужнокорејски претседател: Ова е суден ден за воведувањето воена состојба од страна на Јун

Јужна Кореја денес се разбуди со новиот либерален претседател Ли Џеј Мјанг кој вети дека ќе ја изведе земјата од политичката криза и ќе ја оживее нејзината ослабена економија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Победата на Ли на предвремените избори вчера најави пресврт во четвртата по големина економија во Азија по шест месеци превирања предизвикани од шокантната воена состојба што накратко ја воведе поранешниот претседател Јун Сук Јол.

Со сите преброени гласачки ливчиња, Ли освои 49,42 проценти од гласовите, победувајќи го конзервативниот ривал Ким Мун Сун, кој освои 41,15 проценти, соопшти изборната комисија.

61-годишниот поранешен адвокат ги нарече изборите „суден ден“ за воведувањето воена состојба од страна на Јун и неговата Партија на народната моќ, која во тоа не го спречи.

„Првата цел е решително да се победи бунтот и да се обезбеди дека никогаш повеќе нема да се случи воен удар со оружје и мечеви насочени кон народот“, рече Ли во говорот пред парламентот.

Ли беше прогласен за претседател утрово од претседателот на изборната комисија, а тој веднаш ги презеде должностите претседател и врховен командант на војската.

Се очекува инаугурацијата во парламентот да се одржи во рок од неколку часа од официјалната потврда. Ли вети дека ќе ги зголеми инвестициите во иновациите и технологијата, а воедно ќе ја зголеми поддршката за семејствата со средни и ниски приходи. Се очекува тој да биде попомирлив кон Кина и Северна Кореја од својот претходник и вети дека ќе ги продолжи блиските односи со Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ