вторник, 5 август 2025

Нов израелски напад врз Појасот Газа: Најмалку 10 Палестинци убиени, меѓу кои и деца

Израелската армија (ИДФ) денеска бомбардираше куќа во бегалскиот камп Нусеjрат во централниот дел од Појасот Газа, при што загинаа најмалку 10 Палестинци, меѓу кои и деца, пренесува Ал џезира.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат да бомбардираат други делови од Појасот Газа по вчерашните напади во кои загинаа најмалку 110 лица, вклучувајќи 34 лица додека чекаа во ред за храна во објектот на Хуманитарната фондација Газа (ГХФ) во Рафа.

Неименувани извори од болницата Насер изјавија дека израелските сили нападнале шатори во кои се сместени раселени лица во јужниот дел на Ал-Маваси, при што загинале најмалку тројца Палестинци, повеќе биле ранети.

Најмалку пет Палестинци беа убиени во градот Газа во израелски напад врз станбена зграда на улицата Хамид.

Демонстрации во Тел Авив

Во меѓувреме, во Тел Авив се одржаа демонстрации поради убиените деца во окупираната палестинска енклава, според Ал џезира.

Демонстрантите во Тел Авив се собраа за да одржат тивок митинг во спомен на децата убиени во израелските напади во Појасот Газа.

Собраните повикаа на сеопфатен прекин на огнот за да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас.

Обидувајќи се да ја подигнат свеста кај Израелците, демонстрантите држеа свеќи и слики на кои беа прикажани стотици деца убиени во окупираната палестинска енклава.

Друга поголема група демонстранти маршираа низ улиците на Тел Авив барајќи итно ослободување на сите затвореници кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа.

„Пред сè, чувствувам болка и срам поради она што се случува, поради она што Израел го прави речиси две години: геноцидот во Газа, смрт на илјадници невини цивили, речиси 20.000 деца. Секако, етничко чистење се случува и на Западниот Брег. Фашизмот е раширен во Израел“, изјави во саботата Офер Касиф, член на Кнесетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ