По долг период на топлина и суша, во Солун паднаа обилни дождови. Од раните утрински часови во градското подрачје има врнежи, понекогаш многу интензивни, додека температурата е значително опадната во однос на претходните денови, наведува Катимерини.
Улиците се претворија во потоци за неколку минути, предизвикувајќи прекини во сообраќајот. Сообраќајот се одвива бавно на главните сообраќајници како што се булеварот Микис Теодоракис, улицата 26 Октомври (пред градскиот суд) и во областа Вардари, каде што коловозот е покриен со големи количини вода.
Сопствениците на дуќани во близина на судот со метли излегоа на тротоарите, обидувајќи се да спречат водата да влезе во нивните простории.
Θεσσαλονίκη: Σε ποτάμια μετατράπηκαν οι δρόμοι μετά την έντονη βροχόπτωση – Έφυγε καπάκι φρεατίου – Δείτε βίντεοhttps://t.co/qKpZRjT3NY
— enikos.gr (@enikos_gr) July 31, 2025
Сообраќајната полиција интервенирала поради судир со материјална штета и лизгање на возило од коловозот.
Слична промена на времето е забележана и во други делови од северна Грција, со појава на дожд и локални бури.
Противпожарната служба досега интервенирала во четири случаи на испумпување вода – два во Солун и два во Серес.






