Нетанјаху разговараше со семејствата на заложниците, соопшти кабинетот на израелскиот претседател.
„Премиерот изрази вознемиреност од снимката објавена од терористичката организација Хамас и им рече на семејствата дека продолжуваат напорите за враќање на сите заложници“, се вели во соопштението.
Трите видеа, објавени меѓу четвртокот и вчера од Хамас и Исламски џихад, предизвикаа бес во Израел и повторно ја разгореа дебатата за потребата да се постигне договор за ослободување на заложниците што е можно поскоро.
Десетици илјади луѓе се собраа синоќа во Тел Авив во знак на поддршка на семејствата на заложниците, барајќи нивно ослободување.
Видео снимките имаат цел да се повлече паралела со моменталната хуманитарна ситуација во Газа и ја нагласува потребата да се најде решение што е можно поскоро доколку Израел сака да ги спаси животите на заложниците.






