недела, 4 мај 2025

Москва отфрла какво било распоредување странски војници во Украина

Русија решително одбива војници од странски земји да бидат распоредени во Украина како гаранција за безбедноста и нивното присуство во Украина ќе го смета за закана која може да предизвика директен конфликт со НАТО, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Захарова истакна дека „Европејците за тоа немаат никакво право да одлучуваат“.

„Тоа носи ризик од директни борбени дејства меѓу актерите од одделни членки на НАТО, а со тоа и на целата алијанса со нашата земја“, кажа Захарова.

Таа со оваа изјава, наведуваат светските агенции, повторно го истакна ставот на Русија околу дебатите на Западот дали евентуално испраќање на војници би било можно и без одобрување од Москва.

„Во пракса тоа би значело дека тие земји стануваат страна во конфликтот на страна на режимот во Киев“, кажа Захарова.

Во меѓувреме Франција и Британија работата на создавање таканаречена „коалиција на спремни“, која евентуално би испратила европски воен контингент кој би требало да го штити мирот во Украина и да одвраќа идни руски напади, а всушност е план за приближување на инфраструктурата на НАТО поблиску до границите на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ