Министерот го призна тоа за време на емисијата „Овој минат викенд“ на популарниот американски поткастер Тео Вон.
Кенеди и Вон разговараат за историјата на злоупотребата на дроги и за тоа како заедно посетувале средби за помош пред тие да бидат укинати поради ковид-пандемијата. Подоцна формирале сопствена „пиратска“ група, која продолжила да се состанува за време на пандемијата, пишува Скај њуз.
Кенеди се осврна на децениите од неговото закрепнување од злоупотребата на алкохол и супстанции. „Не се плашам од бактерии… Некогаш шмркав кокаин од клозетски шолји“, рече министерот за здравство на САД.
„Знам дека оваа болест ќе ме убие ако не ја лекувам, а за мене тоа значи да одам на средби секој ден“, додаде Кенеди.
Непрофитната организација што се бори за пристапно здравство во САД, „Да ја заштитиме нашата нега“, по интервјуто го повика Кенеди да поднесе оставка.
Во соопштението се наведува дека тој е „најопасната и најнепогодна личност што некогаш раководела со толку важно министерство, кое има моќ над животот и смртта“.
Кенеди и претходно отворено зборувал за своето минато и зависноста од дрога, која почнала откако неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди, беше убиен во јуни 1968 година во Лос Анџелес.
Кенеди Џуниор бил уапсен двапати за дрога — за поседување канабис во 1970 година и за поседување хероин во 1983 година.






