Мерц го соопшти ова на заедничката прес-конференција со канадскиот премиер Марк Карни, кој минатиот месец изјави дека Канада планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание, по слични најави на Франција и Велика Британија, пренесува Ројтерс.
„Ставот на федералната влада е јасен, во врска со евентуалното признавање на државата Палестина. Канада го знае тоа. Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива. Не гледаме дека условите се исполнети“, изјави Мерц.
Канада кон крајот на јули објави дека планира да ја признае палестинската држава во септември.
Со тоа, таа им се придружи на Франција и Велика Британија од Г7, група на најразвиените земји, кои претходно го објавија своето признавање на Палестина.






