вторник, 5 август 2025

Мелони предупреди на трговска војна во рамките на Западот

Италијанската премиерка Џорџa Мелони предупреди на можноста за „трговска војна во рамките на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави 30 отсто царински мерки за производите на Европската Унија (ЕУ).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Трговската војна во рамките на Западот би нè ослабнала сите нас во услови на глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно“, рече Мелони.

Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен договор.

„Италија ќе го направи својот дел. Како и секогаш“, додаде италијанскaта премиерка, додека ЕУ го одложува својот одговор со надеж дека ќе постигне договор.

Трамп во саботата објави дека производите увезени во САД од ЕУ и Мексико ќе подлежат на царини од 30 отсто почнувајќи од 1 август.

Оттогаш, италијанската опозиција ја критикуваше Мелони и нејзината крајно десничарска партија „Браќа на Италија“, додека лидерот на Движењето Пет ѕвезди (M5S), Џузепе Конте, ја обвини дека „ја спуштила главата“ пред заканите од Вашингтон.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави дека Брисел засега нема да возврати на американските царини за челик и алуминиум, надевајќи се дека ќе постигне договор со кој ќе се избегнат царините од 30 отсто за сите извезени производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ