недела, 14 декември 2025

Мајкрософт: Хакери нè напаѓаат

Мајкрософт издаде предупредување за „активни напади“ врз серверски софтвер што го користат владини агенции и компании за споделување документи во рамки на организациите и препорача безбедносни ажурирања што корисниците треба веднаш да ги применат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ФБИ вчера изјави дека е свесен за нападот и тесно соработува со своите федерални и приватни партнери, но не даде други детали. Во предупредување издадено завчера, Мајкрософт изјави дека ранливостите се однесуваат само на Шер поинт серверите што се користат во рамки на организациите. Се наведува дека Шер поинт онлајн во Мајкрософт 365, кој се наоѓа на облак, не е засегнат од нападите.

Мајкрософт исто така изјави дека ранливоста „му дозволува на овластен напаѓач да изврши лажирање преку мрежата“. Издаде препораки за да се спречат напаѓачите да ја искористат. Во напад со лажирање напаѓачот може да манипулира со финансиските пазари или агенциите, криејќи го својот идентитет и претставувајќи се како доверливо лице, организација или веб-страница.

Мајкрософт објави дека објавил безбедносно ажурирање за Шер поинт сабскрипшн едишн што корисниците треба веднаш да го применат. Изјави дека работи на ажурирања за верзиите на Шер поинт за 2016 и 2019 година. Доколку корисниците не можат да ја имплементираат препорачаната заштита од малициозен софтвер, треба да ги исклучат своите сервери од интернет додека не биде достапно безбедносно ажурирање, соопшти Мајкрософт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ