петок, 1 август 2025

Кремљ: Изјавата на Трамп е сериозна и бара анализа

Неодамнешните изјави на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вклучително и заканата за воведување санкции врз Москва и нејзините главни трговски партнери, се сериозни и бараат анализа, соопшти Кремљ.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ги коментира предлозите на Трамп, доколку смета дека е потребно, пренесува Радио Слободна Европа.

Во понеделникот, Трамп најави нови испораки на оружје за Украина и се закани дека ќе воведе многу строги царини против сојузниците на Русија, доколку не се постигне договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.

Кремљ, исто така, објави дека Русија е подготвена за нова рунда преговори со Украина, но, како што беше истакнато, „досега немало предлози од украинската страна“.

„Украина ги гледа одлуките донесени во Вашингтон и Брисел како сигнал за продолжување на војната“, додаде Кремљ.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков претходно денес изјави дека Москва е подготвена за преговори по новите закани на Трамп, но нагласи дека Русија не прифаќа ултиматуми.

Трамп во понеделникот посочи дека ќе испрати системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина за да помогнат во одговорот на руските напади.

Според него, испораката на оружје ќе биде дел од договор во кој е вклучен НАТО, кој ќе им плати на САД за оружјето што ќе го испратат во Украина.

„Всушност, ќе им испратиме разни парчиња многу софистицирана воена опрема, а тие ќе ни платат 100 отсто за тоа“, изјави Трамп за новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ